ХортикултураНиз годините поставивме пријателски, професионален и ефикасен пристап кон нашите клиенти. Нашите стручни и посветени хортикултурни дизајнери имаат високо ниво на комуникација помеѓу самите нив, работниците и клиентот, со што се овозможува самиот проект да биде завршен со грижа, целосна посветеност на деталите и секогаш на време. Нашата дејност опфаќа надворешно и внатрешно хортикултурно уредување, креирајќи им на нашите клиенти посебно катче каде што ќе го поминат своето слободно време со своите најблиски.
Внатрешно уредувањеСо понудата од најдобрите собни растенија и големиот избор на керамички и пластични саксии претставуваме синомим за нешто убаво, идеално и навистина брзо решение за збогатување на вашите домови, канцеларии, продавници со чувство на природа во која ќе можете целосно да уживате. Грижата за растенијата ја превземаме на наша одговорност со екипата составена од стручен кадар за одржување на растенијата во вашите домови, канцеларии, дворови. Потпомогнати од најквалитетните додатоци за растенија како: - збогатена земја приготвена за садење директно во неа - течна прихрана за зелено лисни и цветни растенија - дрвен декор во повеќе бои - сјај за листови - разни врсти на декоративни материјали
Надворешно уредувањеНадворешното уредување опфаќа комплетно проектирање и изведба на просторот. Комерцијални УслугиВашиот пејсаж е имиџот на компанијата кој ја претставува на јавноста секој ден - добредојдени посетители, клиенти, и вработени. Пејсажот на компанијата е високо почитуван од професионалци кој ке ви завидуваат на вашата намера за подобрување на убавината на вашиот надворешен простор со зелените површини. Комерцијални услуги вклучуваат: Резиденцијални УслугиКолку часа поминувате во вашиот двор, играјќи си со своето дете,куче,правејки скара со пријатели или одмарате после работа еден ден? Дали сте посакале да го продадете својот дом поради намалено слободно време? Дали постои проект за уредување на вашиот двор кој сте го сонувале? |